Од сабота поевтина тоалетна хартија: Владата ги замрзна цените на хигиенските производи

Од:

Владата ги замрзна цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и на хигиенските влошки за 13 отсто пониско од цената во малопродажба која важела на 20 март годинава.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85% од тоалетната хартија е од увоз. Кај влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6%. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи сеуште не е усвоен во Собранието.

“Имајќи во предвид дека за жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5%, но сеуште ова решение не е разгледано во Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот Бектеши.

Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува од 1 април до 31 мај 2023 година.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок

Горан Наумовски

Бектеши: Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ