Од полноќ повисока цена на дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 3.10.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807%, кај дизелот за 3,614%, кај екстра лесното масло за 4,615% и кај мазутот зголемување е за 1,978%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,231%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат горивата

Поевтинува еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Нови цени на бензинот од полноќ

Ана Ололовска

Се намали цената на мазутот

Бензинот и дизелот поевтини за 3 денари

Се намалува цената на горивата