Од полноќ пониски цени на бензинот и дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија известува дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 23.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945%, кај дизелот за 1,174%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,425% и кај мазутот има намалување е за 1,806%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,986 ден/кг и ќе изнесува 53,305 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,35%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поевтинуваат горивата

Поскапува мазутот

Еуродизелот и Екстра лесното масло поскапуваат за денар