Од денес намалување на цените на околу 2.500 производи

Од:

Стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши нагласува дека овој закон не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци (надоместоци) кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите.

Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која ја контролира примената на одредбите од овој закон и поведува прекршочна постапка доколку се прекрши било која мандаторна одредба од Законот.

Прекршочна постапка се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и мора да заврши во рок од три месеци. Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.

Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.

Решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни. Против нив може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението.

Би можело да ве интересира

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

Објавена есенската кошница, 73 производи со ограничена бруто профитна маржа до 10 отсто

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто

Мицкоски: Ќе има и есенска и пролетна кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваат

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи во вториот квартал

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on