Од 90 компании е побарано да им исплатат К15 на работниците по истекот на законскиот рок

Од:

Пет месеци по истекот на рокот за исплата на регрес за годишен одмор, популарно наречен К15, пари од работодавците сè уште чекаат 2.757 работници. Ова е бројка на работници во чии компании Државниот инспекторат за труд направил контроли. Инспекторите првите два месеца од годинава правеа засилени контроли во приватните компании обврзани да исплатат годишен регрес.

„Државниот инспекторат за труд извршил 952 инспекциски надзора во разни дејности и биле опфатени речиси 36 илјади работници. Притоа Инспекторатот утврдил дека на 24.013 работници им е исплатен регрес за годишен одмор во полн износ, а 90 работодавци не исплатиле регрес за годишен одмор поради што се донесени 173 решенија со кои се задолжуваат работодавците да им исплатат регрес за годишен одмор за 2018 година на 2.757 работници“, вели владиниот портпарол Муамет Хоџа за „А1 он“.

Од Владата нема објаснување дали веќе има работодавци казнети за неисплатениот годишен регрес, а не објаснија ниту зошто доцни разгледувањето на извештајот, кој според задолжението што го доби Државниот инспекторат за труд требаше да биде готов до крајот на февруари.

„Владата на Република Северна Македонија извештајот на Државниот инспекторат за труд го разгледа на својата 134. седница, одржана на 8 овој месец“, објасни портпаролот Хоџа.

Детаљниот извештај Владата го најави оти само во јануари во Инспекторатот беа пристигнати 300 претставки за неисплатен К15. Директорот на Државниот инспекторат за труд на почетокот на годинава објасни дека за да се знае кој ќе биде казнет за неисплатен К15, треба да се почека до крајот на февруари. Законската процедура предвидува да се направи контрола кај работодавецот за оние што не исплатиле, да се донесе решение да исплатат К15, да им се остави рок да го направат тоа, а прекршочни постапки се поведуваат доколку работодавецот не исплати К15 и по оставениот рок за исплата.

Маја Илиевска-Пачемска

 

Би можело да ве интересира

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари