Од 35.230 ДДВ обврзници, само 178 прилагодени на системот е-Даноци

Од:

Од вкупно 35.230 ДДВ обврзници, само 178 досега ги презеле сите неопходни активности за електронско поднесување пријави и даночни биланси за данок на добивка до УЈП, односно се регистрирале со Дигитален сертификат на УСБ токен.

Како што соопшти Управата за јавни приходи (УЈП), први кои треба да почнат со задолжително користење е-Даноци од 1 јануари 2013 година, се 4.595 месечни ДДВ обврзници, од кои во моментот само 98 се во целост подготвени да ги поднесуваат даночните пријави преку etax-fl.ujp.gov.mk.

До крајот на идниот месец, обврска да се прилагодат на новиот систем имаат уште 2.855 месечни ДДВ обврзници, односно 1.642 месечни ДДВ обврзници кои воошто не се регистрирани на е-Даноци.

Со оглед дека станува збор за новина во даночното работење, УЈП апелира месечните ДДВ обврзници навреме и во предвидените рокови да ги преземат сите неопходни чекори за користење на електронските услуги на УЈП. Во спротивно постои ризик од 1 јануари да не можат да пријават ДДВ и данок на добивка во УЈП.

За практична примена на е-даночните услуги, УЈП секој месец организира обуки и советувања за даночните обврзници низ цела Македонија. За повеќе информации во врска со обуките и сите други прашања поврзани со е-Даноци, фирмите и сметководтствените бироа можат да се обратат во Инфо центарот на УЈП 0800 33 000.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов