Обуки за напредни ИТ вештини за 220 млади

Од:

Со мерката за напредни ИТ вештини на Агенцијата за вработување на Република Македонија 220 невработени на возраст до 29 години ќе поминат обуки за јава програмери и софтвер тестери. Тие професии се барани на домашниот и странскиот пазар поради што квалификациите и сертификатот со кои ќе се стекнат младите треба да им помогнат да се вработат.

За обуките што се реализираат преку ИПА проект од Европската унија, како директен грант на АВРМ, се обезбедени 18.260.000 денари.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес-конференција истакна дека предвидените обуки се за унапредување на вештините и знаењата на младите до 29 години во информатичките технологии.

– Многу е важно младите да се вклучат во овие обуки бидејќи овие програмски пакети што се нудат со проектот ќе дадат можности тие да инвестираат во себе, но исто така овие програмски пакети кои се нудат на пазарот на трудот во вид на обука се побарувани на пазарот на трудот и со таа понуда ќе можат многу полесно да бидат вработени, рече Царовска.

Според директорот на АВРМ Влатко Поповски, со обуките за јава програмери за софтвер тестери кои се барани како во Македонија, така и во странство, можностите за вработување се многу големи.

– Имаме можност да обучиме 110 лица за најновиот пакет на јава, а воедно и за тестери на софтвер кои исто така се барани во Македонија и странство. Ги повикуваме сите лица кои се и со средно образование, а имаат познавање од ИТ сферата да се пријават на обуката да дојдат на преттест, а потоа да добијат договор со пакет од државата и од ЕУ од скоро 2.000 евра. Во наредните четири месеци ќе бидат на обука, а потоа ќе полагаат за сертификатот со којшто ќе станат многу поконкурентни на пазарот на труд во Македонија и надвор од неа, појасни Поповски.

Ирена Ивановска, раководителка на одделот за ИТ обуки во Семос едукација, посочи дека кандидатите кои ќе аплицираат не треба да имаат посебно ИТ познавање за да ги посетуваат курсевите.

– Курсевите им овозможуваат на кандидатите да се преквалификуваат, да се сертифицираат и преку нашиот Кариерен центар на СЕМОС едукација да им овозможиме препораки за пракса или за вработување, рече Ивановска.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Никола Бертолини, пак, потенцираше дека една од најголемите вредности за кои се залага ЕУ е да се овозможи пристап на младите на пазарот на труд.

– Не постои поуспешен проект од оној кој им овозможува на младите да влезат на пазарот на труд и да ги исполнат неговите барања, рече Бертолини.

Како што информира министерката Царовска одговарајќи на новинарски прашања, во соработка со Светска банка и Институтот за труд и социјална политика е формирана група која ќе работи една година на подготовка на закон за социјална заштита. Се планира социјалните трансфери да се групираат на три нивоа за да имаат поголем удел во намалувањето на сиромаштијата. Моментно, како што рече, социјалните трансфери вршат само 3-4 проценти корекција, за разлика од пензиите кои навистина даваат ефект во намалување на сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот