Објавен огласот за јавно-приватно партнерство за изградба на гасоводната дистрибутивна мрежа во државата

Од:

Министерството за економија вчера го објави Јавниот оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно- приватно партнерство за финансирање,проектирање,изградба,управување,одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас, информираше министерот за економија Крешник Бектеши.

На прес-конференцијата присутен беше и директорот на АД „Национални енергетски ресурси“ Барјрам Реџепи.

Како што информираше министерот Бектеши, Владата на Република Северна Македонија во месец декември 2019 година донесе Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија. Оваа постапка е предвидено да се спроведе како постапка на конкурентен дијалог во согласност со Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Законот за јавни набавки.

„Со овој јавен повик започнува првата фаза во постапката за ангажирање на приватен парнтнер за изградба на дистрибутивниот систем за природен гас на целата територија на државата. Според јавниот повик оваа фаза ќе трае 120 дена, односно сите заинтересирани инвеститори ќе имаат рок до 9 јуни да аплицираат, по што ќе следи отварањето на понудите“ потенцираше министерот Бектеши.

Како што потенцираше министерот реализацијата на овој проект е околу 300 милиони евра и ќе се спроведе во три фази во однапред утврдена динамика.

„Според условите во огласот, заинтересираните инвеститори треба да имаат најмалку 5 години искуство во дистрибуција на природен гас, компанијата која што ќе аплицира на јавниот повик исто така ќе треба да има најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција,да има дистрибуирано најмалку 3 милијарди м3 , во последните 3 години, и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години“, кажа Бектеши и потенцираше дека очекува целата постапка за избор на инвеститор да заврши до четвртиот квартал годинава.

Министерот Бектеши додаде дека по доставување на апликациите ќе следува втората фаза во која ќе бидат повикани сите заинтересирани компании на конкурентен дијалог каде ќе ги дистават своите финансиски понуди доколку ги исполнуваат условите дадени во првата фаза.

Директорот на АД “Национални енергетски ресурси“ Бајрам Реџепи информираше дека во крајна фаза е изградбата на магистралниот гасовод низ државата, односно до средината на годината треба да биде целосно завршен, а интензивно се работи на интерконективните приклучоци со соседните земји.

„Веќе се создадени поголемиот дел од условите за да донесеме гас до сите домаќинства што е целта и на оваа Влада, а тоа да биде и евтино. Очекуваме дека до крајот на годината веќе ќе имаме договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство со што очекуваме дека во четвртиот кватртал ќе почнеме со изградба во неколку градови, но секако дека следната година ќе биде година на масовна изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа во државата.“ потенцираше директорот Реџепи.

Според Реџепи, целата градба ќе трае околу четири години и според физибилити студијата приватниот партнер кој што ќе биде избран ќе има обврска во рок не повеќе од четири години од добивање на секое поединечно одобрение за градење да изгради најмалку 50% во градските општини и најмалку 20% во руралните општини од предвидената примарна дистрибутивна мрежа на природен гас.

„Еден од условите во јавниот повик е приклучокот за домаќинствата да не чини повеќе од 100 евра, но внатрешната адаптација на домашните уреди според физибилити студијата пресметано на стан од околу 85 метри квадратни ќе чини околу 1.500 евра во просек, но очекувам дека трошоците ќе бидат помали поради големата конкуренција во овој сектор“, информираше директорот.

Директорот потенцираше дека во моментов има голем интерес кај повеќе странски компании кои ќе се јават на јавниот повик за што очекува успех во спороведување на јавниот повик.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов