Објавен јавниот повик за хотелиерите во чии објекти ќе летуваат работниците со ниски приходи

Од:

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик на кој треба да се пријават заинтересираните хотелиери во чии угостителски објекти ќе може да летуваат работниците со ниски приходи согласно најавената владина мерка.

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување во државата, а за пријавување треба да се достави пополнет образец до Министерството за економија.

Образецот на барањето за пријавување интерес за користење средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www. economy.gov.mk.

– По реализација на организираниот одмор, угостителските објекти се обврзуваат до Министерството за економија да достават копија од потврдата за користење организиран одмор за работници со ниски приходи заедно со фактура за наплата на средствата најдоцна до 18.12.2017 година, појаснуваат од Министерството за економија.

Оттаму ги повикуваат заинтересираните хотелиери да се пријават на јавниот повик.

Основна цел на оваа владина мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во домашните туристички центри и во исто време да се зголеми обемот на работа на туристичките центри надвор од туристичката сезона.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов