НУК: Со вчерашната одлука на Влада две третини од угостителските објекти добија ладен туш и останаа со празни сметки

Од:

Независната угостителска комора реагира дека со вчерашната одлука на Владата се извисени повеќе од 4.000 угостителски објкти со над 10.000 вработени. Според НУК, Владата одлучила да исплати нешто повеќе од половина од ветената помош во висина од 5,77 милиони евра на само 2.204 угостители од речиси 6.500 компании од угостителската дејност.

„И покрај укажувањата од страна на НУК за неправилноста и нелогичноста на јавниот повик за ветена и најавена финансиска помош со 6. сет мерки, со вчерашната одлука на Влада, две третини од угостителските објекти добија дефинитивно ладен туш и останаа со празни сметки од очекуваната неповратна финансиска помоши и поддршка за надомест на штетите и загубите кои ги имаа поради забраната да работат со гости од 6 до 27 април 2021 година“, се наведува во реакцијата.

Од НУК прашуваат зошто Владата најавила и ветила 9.9 милиони евра за 6.000 угостители и 17.000 вработени, а создала услови и критериуми од кои ќе исплати на една третина нешто повеќе од половина од ветената помош.

„Која е целта на Владата да се попишмани за најавите и ветувањата и со ваква одлука да им одземе повеќе од 4 милиони евра ветена помош на угостителите? Во чии џебови и сметки сега таа помош ќе биде пренасочена“, прашуваат од НУК.

Би можело да ве интересира

Угостителите од НУК се жалат дека градоначалничката Арсовска ги игнорира

НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија

Битиќи: Ако е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

Ана Ололовска

НУК бара укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти

Ана Ололовска

НУК бара да се укине забраната за влез на невакцинирани во угостителските објекти

А1он

НУК и ЗУПМ „Музика сега“ побараа од Владата укинување на дел од точките од протоколите за организирање свадби

Ана Ололовска