НУК: Битиќи итно да го прецизира терминот за средба

Од:

Во вчерашната изјава Вицепремиерот Битиќи рече дека е отворен да комуницира дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи согласно функцијата која ја врши во Владата треба да знае дека Независната угостителска комора е неполитичка организација и комора од ист ранг, како Стопанската Комора на Македонија и сите останати комори формирана од реномирани и признати угостители од цела Македонија согласно Законот за стопански комори – порачуваат од НУК.

-Доколку Владата односно ресорното и одговорно Министерство за економија има потреба од поддршка и помош од комората во идната работа за унапредување на угостителската индустрија на Независната угостителска комора согласно член 28 од Законот за стопански комори може во било кој момент да пренесе и јавни овластувања утврдени со закон и на начин утврден со статутот.

И наместо како одговор да добиваме “ќе видиме“ и “ќе разговараме“ го замолуваме вицепремиерот Битиќи итно и побрзо да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата и ресорните Министерства имаат сериозни намери со 5тиот сет мерки да донесат одлуки и мерки за разумна помои И поддршка во рамки на возмозното директно наменети за угостителската индустрија. Воедно замолуваме и следната изјава кој и да ја прави во име на Владата за доделената помош и поддршка по основ на сите економски сет мерки донесени во изминатата година да излезе со конкретни бројки и износи колку од едната милијарда евра завршија кај нас угостителите и угостителската индустрија, а каде и кај кого заврши останатата економска помош и поддршка.

И да не заборавиме работната средба доколку воопшто се одржи, нема да се одржи само со претставници на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, туку и со претставниците на здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид вклучувајќи и претставници на останатите туристичко угостителски комори – се вели во соопштението од НУК.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „ПОМЕН – една година тишина“, компаниите за организирање настани протестираа пред Владата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне

Ана Ололовска

Битиќи до кафеанџиите: Здравјето е најважно, сè друго ќе надоместиме заедно

Жарко Настоски

Битиќи нема да оди против Комисијата, свадбите остануваат забранети

Маја Илиевска-Пачемска

Холандските кафеанџии ја тужат владата поради мерките

Жарко Настоски

Организаторите на свадби бараат да се дозволат веселби под маски или ќе продолжат да блокираат улици

Жарко Настоски