Новоформираните тутунски здруженија реагираат: Остана неоткупен тутун, субвенции нема

Од:

Има неоткупен тутун во целата држава, не знаеме како ќе бидеме обесштетени со КОВИД-мерките, а на прагот на новата реколта сме без субвенции и ја почнавме на вересија, реагираат денеска четирите новоформирани тутунски здруженија.

Според координаторот на здруженијата, Игор Мирчески, производителите не се согласуваат со тоа што го кажал премиерот на собраниската говорница.

-Во целава држава останаа околу 1000 тони неоткупен тутун. И не само во Долненско и Прилепско. Годинава не се исплатени субвенциите во април. Новата реколта тутунарите првпат ја почнаа без субвенции, на вересија и со зголемени трошоци во просек за 30 отсто поради зголемените цени на нафтата, ѓубривата и на препаратите. Не знаеме на каков начин тутунарите ќе се исплатат од петтиот КОВИД-пакет. Не може да се достигне цена за тутунот од 185 денари, како што ни беше ветено и најавено, со по 10 денари од КОВИД-пакетот и со просечната цена од 159 денари за килограм, изјави Мирчески.

Новоформираните здруженија бараат во решавањето на состојбите активно да се вклучи и Сојузот на земјоделските здруженија.

Би можело да ве интересира

СЗО повикува да прекине субвенционирањето на тутунот, С. Македонија меѓу посочените земји

Ана Ололовска

Новоформираните тутунски здруженија бараат зголемување на цената на тутунот за 35 отсто

Ана Ололовска

Сојуз на земјоделски здруженија: Да не се потпишуваат договорите за новата реколта тутун без зголемување од 20 отсто

Ковачевски: Го зголемуваме домашното производство на храна, тутунот има историски највисока откупна цена

Талески: Постигната рекордна цена на тутунот, парите кај тутунарите до крајот на годината

По 140 години работа пропадна Фабриката за тутун во Сараево

А1он