Ново задолжување

Од:

Дупката во буџетот е се подлабока. А1 од извори на Министерството за финансии дознава дека, до крајот на годинава таа може да биде и до 560.000.000 евра. Напролет се очекува уште еден пад на кредитниот рејтинг.

Овие пари можат да се покријат со нови задолжувања.

Денеска министерството продаде државни записи во износ од 7,34 милијарди денари (119,3 милиони евра) со тримесечен и годишен рок на достасување во три различни аукции.

Понудени беа 6,2 милијарди денари, а продадени беа 5,58 милијарди денари од тримесечните државни записи со годишна камата од 4 отсто.

Исти тримесечни државни записи, но овојпат со девизна клаузила беа понудени во износ од 1,123 милијарди денари и беа продадени сите со камата од 3,9 отсто.

Oд државните обврзници беа продадени тригодишни и петгодишни со заедничка вредност од 8,3 милиони евра во две посебни аукции.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он