Новите тутунски здруженија бараат одлука за елементарна непогода и „зелена нафта“

Од:

Новоформираните тутунски здруженија од Прилеп побараа Владата да донесе одлука за прогласување елементарна непогора зашто сушата го преполови производството. Мерката зелена нафта е добра, но бараат да има и за тутунарите и за сточарите.

Според Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани здруженија, Владата треба да прогласи елементарна непогода.

– Сушата зафати уште при расадувањето. Оваа е тешка година, не само за тутунопроизводството, туку и за другите култури. Сушата го преполови родот, а некаде, каде немаше наводнување и до 70-80 насто. Онаму каде што заврна беше проследено со град, па никој од надлежните не излезе да процени штети. Затоа бараме, со чиста совест, ако сака Владата да помогне, најбрзо што може да донесе одлука за прогласување елементарна непогода, изјави Мирчески.

Мирчески вели дека нема одговор зошто тутунарите и сточарите се изземени за користење на мерката „зелена нафта“.

– Мерката „зелена нафта е за поздравување, но повеќето земјоделци сметаат дека е задоцнета. Од друга страна, по трет пат се спроведува оваа мерка, но не се опфатени ниту тутунарите, ниту сточарите. Прашуваме отворено зошто е така. Баравме одговор од надлежните, но досега не добивме, рече Мирчески.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Станкоски: Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите