Нови ветерници во Богданци, инвестицијата 21 милион евра

Од:

Со инвестиција од 21 милиони евра ќе се заокружи проектот ветерен парк Богданци. Во втората фаза ќе бидат изградени шест ветерни турбини со инсталирана моќност од 13,8 мегавати, а ќе почнат со производство за најмногу 24 месеци. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од германската КфВ банка во износ од 18 милиони евра, додека три милиони евра се сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Договорите за заемот и за гаранцијата беа потпишани денеска од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски, германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих, директорот на КфВ банката за ЈИЕ и Турција Кристоф Тискенс и генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миноски.

Со потпишувањето на овој договор се реализира втората фаза од проектот Ветерен парк „Богданци“ со што се очекува да се зголеми учеството на уделот на обновливите извори на енергија на три отсто.

Според минстерот за финансии, средствата од КфВ банката се обезбедени по поповолни услови од очекуваното.

– Заемот ќе биде доделен на АД ЕЛЕМ со рок на отплата од 12 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка од 1,15 отсто, а сервисирањето на заемот ќе го врши АД ЕЛЕМ од приходите што ги остварува, a го гарантира државата, рече Тевдовски на потпишување на договорите.

Германскиот амбасадор оцени дека ова е совршен момент за потпишување и посочи дека и понатаму ќе продолжи поддршката од Германија.

– Сега сме близу до спроведување на Договорот од Преспа со позитивни резултти и убеден сум дека ќе бидат позитивни. Патот кон ЕУ и НАТО на вашата земја конечно ќе се отвори. Потоа македонската Влада треба да се концентрира целосно на реформските процеси кои мора да доведат до создавање ново македонско општество, во кое сите луѓе ќе можат да ги остваруваат основните човекови права и дава можност за подобри услови за живот, рече Герберих.

Тој додаде дека за да се остварат целите од реформата политичките, економските и социјалните основи мора да се воспостават, а меѓународните партерни ќе создадат можности и поттик за Македонија.

Директорот на КфВ банката за ЈИЕ и Турција Кристоф Тискенс истакна дека овој договор е продолжение на долгогодишната соработка со Македонија.

– За 20 години од 1999 година во Македонија имаме инвестирано 320 милиони евра во проекти главно од областа на заштита на животната средина и климатските промени, меѓу кои се проекти за рехабилитација на шест хидроцентрали, изградба на првиот ветерн парк, рече Тискенс и додаде дека реализацијата на втората фаза од овој проект е важен чекор за граѓаните на Македонија бидејќи овозможува почиста животна средина и помала емисија на јаглерод диоксид и води кон диверзификација на изворите на енергија.

Директорот на ЕЛЕМ, Моноски, посочи дека со втората фаза се отвора патот до целосно завршување на проектот Парк на ветерни електрани Богданци, кој е значаен од повеќе причини, а тоа се дополнителни нови 13,8 мегацати инсталирана моќност, дополнително производство од 37 гигават часови електрична енергија што може да задоволи потреби на 6.000 домаќинства, како и заокружување на целиот проект.

Посочувајќи дека со ова се зголемува уделот на обновливи извори на енергија во нивното портфолио најави дека остануваат на таквата определба и дека наскоро ќе почне новата фаза на изградбата на нова фотоволтаична електрана во околината на РЕК Осломеј каде веќе е искористен рудникот.

Во Ветерниот парк Богданци во првата фаза се инвестирани 55 милиони евра од кои 85 отсто се средства од кредит, а 15 проценти средства на компанијата.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он