Нови правила на енергетскиот пазар

Од:

Регулаторната комисија и МЕПСО, презентираа нови правила на пазарот на електрична енергија.
Според нив тоа е нова ера во либерализацијата на енергетскиот пазар.

„Правилата за пазар на електрична енергија отвораат ново поглавје во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија на кој од 1 јануари 2013 година електрична енергија ќе купуваат повеќе од 170 домашни компании, а од 1 јануари 2015 година по пазарно утврдени цени електрична енергија ќе набавуваат сите потрошувачи во земјава вклучувајќи ги и домаќинствата“, изјави генералниот директор на МЕПСО Дејан Бошковски.

Новинa којa се воведува, како што рече, e тргување со електрична енергија на дневна основа со примена на листи на приоритети. Со ова им се дава можност на учесниците на пазарот на дневно ниво да тргуваат со количества електрична енергија кои се вишок или пак недостигаат.

Секој учесник ќе плаќа казна-пенал доколку не преземе или не предаде во системот електрична енергија во количина која е идентична со количината, која најавил дека ќе ја произведе или потроши за секој час во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски