Нови мерки за финансиска поддршка на земјоделците

Од:

Денеска, Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството и согласно новите финансиски средства ќе се имплементираат нови мерки.

Согласно мерките се обезбедува финансиска поддршка:

– за произведена и продадена зелка за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година со висина од три денари по килограм,

– за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и јачмен со висина од 3.000 денари по хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива, како и

– за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20.8. 2022 година до 30.9.2022 година со висина од два денари по килограм за откупена во месец август и четири денари по килограм за откупена во месец септември.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше усвоена и Информацијата за реализација на прва фаза – водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово и добивање на одобрение за отпочнување на постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за општините Свети Николе и Лозово, известуваат од Владата.

Реализацијата на активностите од прва фаза – водоснабдување од Проектот ХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово е со цел да се обезбеди чиста вода за пиење и целосно подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на овие општини.

Во исто време, проектот ќе обезбеди одржлив систем за долгорочно профитабилно функционирање на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип, се додава во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции