Нова странска компанија сака да гради фабрика во штипската ТИР зона

Од:

Новa странска компанија ќе влезе во ТИР зоната во Штип, најави денеска од Штип, директорот на Дирекцијата за ТИР зони, Јован Деспотовски. Тој истакна дека писмото за немера за инвестирање од компанијата пристигнало вчера во дирекцијата.

-Да ги завршиме разговорите со нив, очекувам дека до крајот на годината ќе можеме да ги објавиме. Тоа значи дека ќе имаме нова инвестиција тука, а дополнително една од компаниите, којашто веќе работи во ТИР зоната во Штип, којшто е добар инвеститор, веќе достави нов инвестициски план, за целосна нова инвестиција, вели Деспотовски.

Смета дека со компанијата, којашто веќе работи во зоната и бара проширување на капацитетот разговорите ќе траат пократко, бидејќи веќе имаат многу добра соработка со компанијата. Новите инвестиции во штипската ТИР зона ќе значат нови работни места, со доста повисоки плати. Деспотовски истакна дека изминатиот период не бил во фокусот рамномерниот регионален развој, но со воведувањето на мерката за вреднување на земјиштето во ТИР зоните ова е коригирано.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов