Нов скок на цената на струјата: за 16 отсто поскапа е понудата од ЕСМ за ЕВН

Од:

Државната компанија АД ЕСМ доставила поскапа понуда на денешниот тендер на ЕВН Хоме за снабдување со електрична енергија за периодот од јануари до јуни 2023 година.

ЕСМ и понудила на ЕВН Хоме повисока цена за 16 отсто од претходната, односно цена од 56 евра за мегават-час, што е повисока за околу 16% во однос на претходната цена по која ЕСМ му продаваше струја на ЕВН Хоме од домашно производство.

„ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ.

АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас“, рекоа од ЕВН Хоме.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

На одлуката на цената ќе влијае и враќањето на ддв-то од пет на 10 отсто кое беше намалено поради здравствената и енергетската криза. Регулаторна ќе ги собере сите информации најдоцна до вторник, а до следниот четврток РКЕ ќе ја објави новата цена на електричната енергија за првите шест месеци од 2023 година.
Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека се прават напори да не се зголеми цената во сите блокови, а во еден од блоковите можно е да има и намалување на цената.
– Најдоцна до 22 декември Регулаторна комисија за енергетика ќе ја соопшти новата цена на електричнста енергија за 2023 година. ЕСМ испрати цени на електрична енергија за тендерите за ЕВН Хоме, за Електродистрибуција и за Мепсо. Напорите се да нема зголемување на цената освен во делот на ддв-то кое од пет ќе се врати на 10 отсто. РКЕ ја забрза постапката и помеѓу 20 и 22 декември ќе ги направи пресметките и ќе ја објави новата цена на струја за регулираниот пазар. Владата и ЕСМ сметаат дека треба да има интервенција за одредени категории и блокови- истакна Ковачевски.
Тој потврди дека во моментов производствена цена на мегават-час струја од домашните капацитети е 73 евра што е повеќе од цената од 48евра по која досега ЕСМ и продаваше струја на ЕВН и за 17 евра за мегава-час повеќе од она што денес е понудено до ЕВН Хоме.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов