Норвешкиот државен Стабилизациски фонд за три месеци заработил скоро 50 милијарди долари

Од:

Норвешкиот Стабилизациски фонд соопшти дека остварил профит од 382 милијарди круни (45,7 милијарди долари) во првиот квартал, пред се поради силниот раст на цената на акциите во финансискиот и енергетскиот сектор.

Најголемиот фонд во светот управува со средства во вредност од 1,300 милијарди американски долари, а во првиот квартал оствари поврат на инвестицијата од четири проценти.

Во првите три месеци од оваа година, фондот оствари поврат од 6,6 проценти на акционерското портфолио и 1,4 проценти на инвестициите во непишани недвижнини. Портфолиото на обврзници беше во загуба од 3,2 проценти.

„Растот на берзата е во голема мера поддржан од акциите во финансискиот и енергетскиот сектор“, се вели во изјавата на заменик-извршниот директор на фондот Тронд Гранде.

Фондот инвестира приходи на норвешката држава од производството на нафта и гас во акции, обврзници и недвижнини и заклучно со овој месец, во „зелената“ инфраструктура.

Убедливо најмногу вложува во акции, кои сочинуваат 73,1 процент од средствата што му се доверени за управување. Следува портфолио на обврзници со учество од 24,5 проценти, а остатокот паѓа на портфолиото на непишани недвижнини.

Инвестираше во акции на 9.100 компании ширум светот, или 1,4 проценти од сите котирани акции на глобално ниво. Од вкупната вредност на фондот, речиси 250.000 долари отпаѓа на секој жител во Норвешка.

Би можело да ве интересира

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло