Со НЛБ ден започна месецот на штедење во НЛБ Банка АД Скопје

Од:

Од 25-ти Септември, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна  месецот на штедење во НЛБ Банка, оваа година на тема „Штедење и безбедност во сообраќајот“.

dobivaj vesti na viber

Веќе 7 – ма година по ред, НЛБ Денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на НЛБ Банка и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката. За децата од неколку основни училишта, во рамките на НЛБ Денот беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема: „Штедење и безбедност во сообраќајот“.

НЛБ Денот го означува почетокот на НЛБ Месецот на штедење, кој ќе трае до 25.10.2018 година. Во рамките на истиот НЛБ Банка ќе спроведува акција за собирање на цртежи, во која децата ќе имаат можност да цртаат на тема: „Штедење и безбедност во сообраќајот“.

Своите цртежи децата потоа ќе можат да ги постават на посебна веб страница отворена за таа намена: stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која експозитура на НЛБ Банка.

Изборот на најдобри цртежи ќе биде направен врз основа на гласањето преку веб страницата и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници. Најдобрите цртежи ќе бидат наградени со признанија и парични награди.

Би можело да ве интересира

НЛБ Банка со нова кредитна линија за поддршка на конкурентноста на правните лица

А1он

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Ана Ололовска

Ограбувачот на НЛБ успеал да украде над 8 илјади евра

А1он

Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра

Татјана Ташкова

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Ана Ололовска

НЛБ Банка воведе нов Брз потрошувачки кредит