НЛБ Банка утре ќе ги исплати пензиите, се апелира подигање преку банкоматите

Од:

Согласно моменталните случувања со пандемијата на корона вирусот, во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 25 март, среда.

Во насока на поголема заштита, од 25 до 27 март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката.

Поради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, па затоа се препорачува пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на веб страницата на банката.

„Тргнувајќи од мерките за заштита на пензионерите, Банката апелира да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа банкомати со 24 часовна достапност. Исто така со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство“, се вели во соопштението на банката.

Најава дека утре ќе ги исплатат пензиите веќе имаа и „Халк банка“ и „Стопанска банка“.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски