НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за кредитите за физички лица

Од:

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и станбени кредити со пониски каматни стапки. 

dobivaj vesti na viber

Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити се намалени до 0,5 процентни поени и почнуваат од 5,5% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите тринаесет месеци.   

Исто така, новите НЛБ Станбени кредити се одобруваат со пониски и намалени каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,2% и се фиксни за првите три до шест години, зависно од типот на кредитот.

Во рамки на кампањата сите потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити со животно осигурување, како и автомобилските и сребрените кредити, ќе се одобруваат без манипулативни трошоци. Сите останати кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци. Исто така, кредитите со обезбедување на надвижен имот ќе се одобруваат без трошоци за проценка.

Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити. Клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк 

Повеќе информации може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк

Би можело да ве интересира

НЛБ Банка со нова кредитна линија за поддршка на конкурентноста на правните лица

А1он

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Ана Ололовска

Ограбувачот на НЛБ успеал да украде над 8 илјади евра

А1он

Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра

Татјана Ташкова

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Ана Ололовска

НЛБ Банка воведе нов Брз потрошувачки кредит