Њујорк тајмс: ЕУ пред длабока рецесија поради Ковид-19

Од:

Според најновата проекција на Европската комисија, како резултат на пандемијата, економијата на ЕУ ќе забележи пад од 7,4 проценти оваа година, невработеноста ќе достигне девет проценти, а ќе дојде и до намалување на обемот на инвестициите и нагло зголемување на долговите и дефицитите.

За споредба, со претходната проекција за оваа година се предвидуваше раст од 1,2 проценти, а во најтешката рецесија досега, до која дојде во 2009 година поради светската финансиска криза, економијата на ЕУ забележа пад од 4,5 проценти, посочува Њујорк тајмс.

Весникот наведува дека засега не е можно да се определат вистинските размери на рецесија и оти е можно ситуацијата да биде и полоша од прогнозите.

– Постои вистинска опасност од подлабока и подолготрајна рецесија, истакна шефот на економскиот тим на Еврокомисијата во предговорот на извештајот за економската прогноза за оваа година, кој е објавен денеска.

Според прогнозата, економиите на Италија и Шпанија, членки на ЕУ кои се најтешко погодени од Ковид-19, ќе забележат пад од над девет отсто, додека Грција, која по децении економски потешкотии почна да се опоравува пред појавата на епидемијата, ќе се соочи со најтешки последици – со опаѓање на економската активност за 9,7 отсто и невработеност од дури 19,9 проценти.

Последици ќе има и економскиот лидер на Унијата – Германија, чија економија годинава ќе забележи пад од 6,5 отсто, додека во Франција ќе изнесува 8,5 проценти, наведе Њујорк тајмс.

Би можело да ве интересира

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година

Горан Наумовски

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Орце Костов

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

Маричиќ: Скринингот на ЕУ ќе заврши во декември и тука ќе застанеме бидејќи не поминаа уставните измени

Орце Костов

Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување

Гир: Зголемена висока корупција, злоупотреба на ЕУ знаменцето, недоверба во судиите во Македонија