Нина Ангеловска по втор пат избрана за „жена амбасадор за е-трговија“ на УНКТАД

Од:

Нина Ангеловска, е избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ за 2021-2022 година од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет.

Како што соопшти Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија – АЕТМ, ова е второ прогласување на Ангелосвка за „жена-амбасадор за е-трговија”. Прв пат беше избрана за време на 74. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во септември 2019 година, во Њујорк.

Прогласување на новата група жени-амбасадори за е-трговија (еTrade for Women Advocates) се одржа неделава, виртуелно, а честитки до избраните амбасадорки упати Изабел Дурант, вршител на должноста Генерален секретар на УНКТАД.

Втората група на „амбасадорки на е-трговија” брои шест успешни жени претприемачи кои ги покриваат регионите на арапските држави, Африка, Балканот, Латинска Америка и Југоисточна Азија, а Ангеловска е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадорка на е-трговија“ за Балканот.

-Ми претставува голема чест што мојот мандат во UNCTAD продолжува. Од улога на Амбасадор на иницијативата Е-трговија за жени се надевам дека ќе инспирирам што повеќе жени да бидат храбри, да го искористат својот потенцијал и предностите на технологијата, да покажат што знаат и умеат, да целат високо и да ги водат промените. Сега во време на COVID-19, повеќе од кога било треба да ги претвориме предизвиците во можности и да го искористиме потенцијалот на дигиталната економија и жените, вели Ангеловска, која е поранешна министерка за финансии.

Иницијативата преку која УНКТАД ги избира „жените амбасадори на дигитална трговија“- „Е-трговија за жени“ (eTrade for Women) има за цел да го поттикне економскиот раст и да ја намали сиромаштијата во земјите во развој комбинирајќи ги придобивките од технологијата и претпримништвото кај жените. Со помош на нивното искуство во дигиталната трговија, глобалните амбасадорки, треба да помогнат во спроведување на Целите за одржлив развој на ОН промовирајќи го користењето на технологија во служба на економскиот развој. Иницијативата е поддржана од владите на Холандија и на Шведска.

Би можело да ве интересира

Раст од 75 проценти на онлајн трансакциите во првиот квартал од годинава, зголемен и прометот кон домашните е-продавници

Ана Ололовска

Виртуелен студентски хакатон за борба против сива економија во е-трговијата

Ана Ололовска

Со странски картичи лани купени стоки од домашните е-трговци во вредност од 10,8 милиони евра

Ана Ололовска

Годишно собрание на Асоцијацијата за е-трговија

Ана Ололовска

Граѓаните во пандемија повеќе го користат електорнското плаќање и мобилните апликации

Ана Ололовска

Прв онлајн регистар на е-трговци, проверете каде купувате

Ана Ололовска