Николовски: Зголемено производство на струја од домашни капацитети за 30 отсто, мерките во енергетиката даваат резултат

Од:

Мерките и политиките во делот на енергетиката што ги презеде Владата и институциите што ги предводи СДСМ даваат реални и видливи резултати. По успешното монтирање на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, за прв пат после долг временски период беа ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети рече на прес конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ Дарио Николовски.

– На 29 јануари, дневното производство од домашните енергетски капацитети изнесуваше 21.299 мегават часови, што е рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години. До пред само неколку години, јануари беше месец кога редовно увезувавме струја, а оваа година не само што ги задоволуваме сите потреби, туку имаме и извоз. Во месец јануари вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 561.350 MWh електрична енергија. Тоа е зголемување од речиси 30 отсто во споредба со истиот месец претходната година кога производството на електрична енергија изнесуваше 434.189 MWh вели Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје