Николовски: Исплатата на субвенциите непречена, го стимулираме производството на тутун

Од:

До петок сите македонски тутунопроизводители ќе ги добијат субвенциите за ланската реколта тутун. Исплатата почна вчера, ден порано од лани и тутунарите ќе имаат средства за планирање на новата реколта, рече Љупчо Николовкси, министер за земјоделство при денешната посета на Прилеп за средби со граѓаните, тутунарите и во прилепскиот тутунски комбинат.

-Тутунот е значаен за овој регион и за целата држава зашто е една од стратегијски извозно ориентирани гранки во земјоделството која обезбедува огромен девизен прилив. Лани субвенциите беа ислатени на 17, а годинава на 16 април. Навремено беа обработени податоците и списоците од откупните претпријатија. О)ткупната компанија „Далија“ која доцнеше со списоците, вчера ги достави, тие се обработени, станува збор за 480 тутунопроизводители и до петок ќе бидат и тие исплатени. Имавме стабилен откуп. Откупени се повеќе од 25 000 тони по просечна цена од 214,2 денари за килограм, а платени се над 5,4 милијарди денари. од овие откупени количества тутун, над 21 000 тони се во прва и втора класа, што значи над 90 насто тутунопроизводители добиваат зголемени субвенции за прва и за втора класа од 80, односно 70 денари за килограм. Инаку, близу 8 000 тони се прва,13,3 илјади тони се втора и над 3 000 тони се трета класа. Тоа значи се неколку милиони денари повеќе средства што ги издвојува владата за оваа стратегиска земјоделска култура, рече Николовски.

Според Николовски, навреме, лани, е направена методологијата за исплата на субвенциите за текот на отоворањето на поглавјата за преговорите со ЕУ.

– За нас е битна гранка и во текот на преговорите, поглавјата што ги отвораме со ЕУ. Државата навреме, лани го промени системот на субвенционирање, за сега, со почетокот на преговорите, да биде една од темите и една од гранките која сакаме да ја заштитиме и да ја задржиме традицијата зашто околу 30 000 семејства се занимаваат со тутунопроизводство. Затоа правиме се да има сигурен и стабилен откуп како и исплата на субвенции, изјави Николоски.

Во министерството се анализираат евидентните листови за оваа реколта, последни зашто е донесен Законот за тутун.

-Паралелно, Парламентот го донесе Законот за тутун како пример на партнерскиот однос помеѓу владата, откупувачите и тутунопроизводителите. Од 2020 година целосно се укинуваат евидентните листови, се поедноставуваат административните постапки за тутунарите и директно ќе склучуваат договоори со откупувачите и ќе се отвораат откупни пунктови за време на откупот. Се уште се обработуваат податоците за евидентните листови за оваа година и досега се околу 32 000, рече Николовски.

Инаку за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени се издадени 8 513 евидентни листови и факт е дека се зголемени површините за 500 хектари, зашто лани беа повеќе евидентни листови, но помалку површини засадени со тутун, заклучи Николовски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“