Независниот синдикат на градежните работници ќе се залага за остварување на работничките права

Од:

Независната Синдикална организација на градежните работници, инжинери и трговци во градежништвото (СО ГРИТГ) денеска најави дека ќе се залага за остварување на правата на градежните и на другите работници во Македонија.

Претставникот на Синдикатот инжинер Атанас Трајковски денеска изјави дека ќе ја следат работата на новата Влада која, како што рече, ќе мора да обезбеди подобри работни услови во сите сектори, а особено во градежниот.

– Новата влада мора да се ангажира за покачување на минималните плати на работниците, односно за зголемување на минималната сатнина. Тие во предизборната кампања ветија дека ќе направат коалиција со работниците затоа им се обраќам и ги повикувам за соработка, рече Трајковски.

Според него, само со организираност и со координација на градежните работници неповолната и незавидната состојба може да се промени.

Тој најави дека синдикалната организација ќе бара бенифициран стаж за градежните работници и минамална плата од 500 евра. Предупреди дека работниците не смеат да бидат „само потрошен материјал“ и порача дека во соработка со сите останати синдикати ќе се борат и изборат за правата кои на работните луѓе им следуваат.

Би можело да ве интересира

Албански државјанин починал по здобиени повреди при градежни активности во Центар Жупа

Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници

Независниот синдикат на градежни работници бара почитување на мерките за безбедност при работа

Ана Ололовска

Раст од 345 проценти на договорената работа на градежниците во странство

Татјана Ташкова