Нето-платата во февруари 27.206 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето плата по работник во февруари годинава изнесува 27.206 денари и бележи раст од 12,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државиот завод за статитика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности за 20,1 отсто, уметност, забава и рекреација за 19,3 отсто и преработувачка индустрија за 17,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во финансиските дејности и дејности на осигурување за 14,9 отсто, рударство и вадење камен за 12,8 отсто и транспорт и складирање за 11 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2020 година изнесува 40.588 денари.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември лани

Бројот на вработени во ТИРЗ достигна 18.000, бруто платата надмина 60.000 денари

Орце Костов