Нептун Македонија започнува кампања “Заедно донираме повеќе”

Од:

Во рамките на воспоставената стратешка соработка помеѓу Нептун Македонија ДОО и СОС Детско Село, од 3ти до 19ти август, започнува Нептун кампања “Заедно донираме повеќе”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во Нептун имаат можност да се вклучат во донаторска акција.

Ајде заедно да овозможиме децата и младите без родители и родителска грижа:

– Да имаат топол дом, грижа и чувство на припадност- Да растат во семејство, опкружени со љубов и сигурност
– Да имаат среќно и безгрижно детство
– Да имаат квалитетно образование
– Да имаат сигурна иднина
– Да бидат едноставно ДЕЦА

СОС Детско Село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот е посветена на згрижување на деца без родители и родителска грижа, и во нашата земја ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ”Ниту едно дете да не расте само”.
Од друга страна Нептун Македонија ДОО е компанија со постојан активен однос во општеството. Општествена одговорност на компанијата од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше во креирање на ваква кампања. Водени од моделот на заедничката вредност на идејата дека корпоративниот успех и социјалната заштита се меѓусебно зависни, за Нептун Македонија ДОО помошта на заедницата останува императив.

ПР текст

Би можело да ве интересира

ФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС Детско село

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

Орце Костов

Добредојдовте во новиот Нептун

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка”

„Нептун Македонија“ – Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

„Нептун“ слави 30 години со голема роденденска наградна игра