Нема штета на буџетот во истрагата за вториот пензиски столб

Од:

Изминативе неколку недели во скопското обвинителство биле сослушани претставници од Министерството за финансии во врска со кривичната пријава за наодите за злоупотреби во вториот пензиски столб, дознава „А1он“. Неофицијално, претставниците појасниле дека има механизми за заштита и дека буџетот во конкретниот случај не е оштетен.

Обвинителството во истражувањето на случајот повикало претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и на двете пензиски друштва. Сослушан бил и актуелниот генерален директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Според нашите сознанија, обвинителството доставило ургенции до Државниот завод за ревизија за да му бидат доставени ревизиите од сметките на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Од досегашниот тек на истрагата и соопштението до јавноста на ообвинителството може да се констатира дека сите средства од вториот пензиски столб се безбедни и дека нема штета на буџетот.

Кривична пријава за случајот против непознати сторители ја поднесе министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Шаип Зенељи, на прес-конференција рече дека не чувствува лична одговорност за фактот што на 12 илјади осигуреници придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од ПИОМ не им биле префрлани кон вториот пензиски столб.

Сепак, останува податокот дека Владата одлучи да уплати 19 милиони евра кон осигурениците како обесштетување. Предистражната постапка е сè уште отворена. Останува неизвесно дали скопското Обвинителство ќе донесе наредба за спорведување истрага.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Горан Наумовски