Нема промена во цените на бензинот и дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија информира дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 20.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,537%, кај дизелот зголемување во просек за 0,460%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,935 % и кај мазутот намалување во просек за околу 3,484%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг.


Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поевтинуваат горивата

Поскапува мазутот

Еуродизелот и Екстра лесното масло поскапуваат за денар