Нема промена на цената на дериватите, откако два дена по ред се покачуваше цената

Од:

По два дена покачување на цените на нафтените деривати, денеска Регулаторна комисија нема ниту да прави корекција. За предложените законски измени кои се во собраниска сила, откако ќе бидат донесени и објавени во Службен весник, членовите на седница ќе одредат највисоки малопродажни цени, согласно акцизата.

„Што се однесува до измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Северна Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ“, велат од Регулаторна за измените.

Оттаму посочуваат дека РКЕ ќе ја вкалкулира намалената стапка на ДДВ во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука.

„По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Нови цени на горивата

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов