Нема К-15 за 2000 „рамковно“ вработени кои земаат плата, а не доаѓаат на работа

Од:

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски вели дека од правто на испата на регрес за годишен одмор ќе бидат изземени 2000 таканаречените „рамковно“ вработени кои земаат плата, а не доаѓаат на работа.

Одговарајќи на новинарско прашање Манчевски денес по потпишувањето на гранскиот договор со кој 17.273 административци годинава ќе добијат К-15, рече дека е време да повлечат линија и да ги исправат неправдите.

„Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени. Ќе важи само ако прифатат прераспределување“, рече министерот Манчевски.

Тој објасни дека административците ќе добијат по 9000 денари како годишен регрес, а парите за оваа намена, односно 155.457.000 денари, се предвидени во Буџетот, а дополнителни средства може да се обезбедат и со ребалансот по изборите. Административците ќе го добијат регресот согласно законската обврска за негова исплата до крајот на годината.

Во административците кои годинава ќе добијат К-15 не се вработените во образование, здравство и социјала оти кај,нив, како што вели министерот Манчевски, значително биле зголемени платите.

Би можело да ве интересира

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он

Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Ана Ололовска

Шаќири: Буџетот на МИОА за 2022 изнесува 1.323.684.000 денари

Ана Ололовска

Шаќири: Мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот

А1он

Шаќири: Еден заеднички и отворен пазар на труд уште повеќе ќе го поврзe регионот на Западен Балкан

А1он