Нема датум за субвенциите за прозорци и печки на пелети, се чекаат подобри временски услови

Од:

Министерството за економија ќе чека да се затопли за да ги објави огласите за субвенции за менување прозорци, за печки на пелети, за соларни термални колектори и за фотонапонски панели за производство на струја. Дали фискалните сметки од овој месец за набавка на прозорци, печки, соларни колектори и фотонапонски панели ќе важат, од Министерството велат дека ќе се знае пред објавување на огласите.

„ Јавните огласи за надоместување на трошоците за прозори, печки на пелети, соларни термални колектори и фотонапонски панели ќе бидат објавени кога ќе бидат подобри временските услови за инсталирање на истите. Деталите ќе бидат дефинирани при објавување на јавниот оглас“, велат од Министерството за економија за „А1он“.

На огласите може да аплицира секој граѓанин кој досега не користел ваква поддршка. Дополнително, се издвојува категорија за граѓани со ниски примања кои ќе добијат надоместување на трошоците до 70 отсто. Во оваа група на граѓани се лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар е вработен и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари, лицата со ниски примања  кои се пензионери или едниот брачен другар е пензионер и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 20.000,00 денари и ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.

„При аплицирање се поднесува барање кое може да се подигне од архивата на Министерството или на нашата веб страна, соодветно се пополнува и се доставува заедно со фискална сметка за направеното купување на прозори, печки на пелети, сончеви колектори или фотоволтаични панели, а за граѓаните со ниски примања, дополнително се поднесуваат документи кои ќе ја потврдат нивната припадност кон одредената група“, велат од Министерството за економија.

За субвенционирање печки на пелети до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство одвоени се 14 милиони денари

Доделувањето на надоместокот ќе биде на принципот прв дојден – прв услужен, со тоа што како новитет е тоа што овој принцип ќе се применува во рамки на утврдениот износ на средства за секој плански регион според степенот на развиеност на планските региони, согласно прописите за рамномерен регионален развој.

Во понеделникот министерот за економија Крешник Бектеши ги најави субвенциите, но со исклучок на субвенцијата за вградување уред за алттернативно гориво во возилата која ќе биде во третиот квартал годинава, не посочи датуми за распишување на огласите. Кажа само дека ќе бидат распишани годинава, за што се одвоени вкупно 52 милиони денари. Од нив 8 милиони денари се за надоместок за сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 отсто, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство з лица со ниски примања.

22 милиони денари се за надоместување на дел од трошоците за ПВЦ и алуминиумски прозорци во домаќинства до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари од домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за категоријата лица со ниски примања.

14 милиони денари се за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети во домаќинствата во висина од 50 отсто но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 отсто но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за лица со ниски примања.

8 милиони денари се одвоени за надоместување на дел од трошоците за фотонапоснки панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка до 30 отсто, но не повеќе од 62 000 денари.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов