Започна неформалниот самит на ЕУ за стабилизација на еврото

Од:

Крај на должничката криза, стабилизација на еврото и воведување такси на финансиските трансакции се главните теми на неформалниот самит кој започна денеска во Бисел.

Шефовите на државите и владите на земјите членки на Унијата се собраа за да и стават крај на кризата во Европа.

Главна тема е предлогот на новиот француски претседател, Франсоа Оланд, за воведување на евро-обврзници со кои долговите на презадолжените земји членки на Унијата (Грција, Португалија и Шпанија) ќе бидат споени и за нив ќе гарантира Европската централна банка.

Уште во подготовките за средбата, Германија најави дека ќе му се спротивстави на овој предлог затоа што таа треба да го сноси најголемиот финансиски товар доколку се прифати, но германската канцеларка Ангела Меркел сепак попушти и рече дека евро обврзницата може да се прифати под одредени услови.

Со самитот председава претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Доларот зајакна во однос на еврото, падна цената на нафтата