НБ: Извештај на ММФ – Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, банкарскиот систем е стабилен

Од:

Народната банка во соопштение во врска со објавениот извештај на Меѓународниот монетарен фонд наведува во однос на монетарната политика, констатирано е дека засега треба да остане релаксирана, при што како и досега, Народната банка треба да го задржи својот фокус на понатамошно одржување на стабилноста на девизниот курс.

Мерките, наведуваат од Народната банка, поврзани со банкарскиот систем се оценети како прудентни, оставајќи простор за реструктуирање на кредитите на најпогодените сектори, со истовремено засилено следење на перформансите.

-Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, нагласено е во Извештајот. Притоа, од ММФ посочуваат дека во текот на изминатите години е зајакната ликвидноста и капиталната позиција на банкарскиот систем, што се потврдува и преку адекватноста на капиталот на крајот на минатата година, која изнесува 16,3 отсто. Остварувањата и перформансите што ги има, како што е наведено во Извештајот, сега оставаат доволен простор банкарскиот систем да ги апсорбира евентуални загуби заради корона-кризата, без притоа да биде загрозена неговата стабилност, стои во соопштението на Народната банка.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан