Нарушено производството на Форд и на Тојота поради протестите во Канада

Од:

Автомобилските компании Форд и Тојота соопштија дека протестите во Канада против епидемиолошките мерки го нарушиле производството во канадските фабрики.

Тојота соопшти дека не очекува какво било производство до крајот на неделата во фабриката во Отава.

Поради голем број предизвици поврзани со производствените синџири, лошите временски услови и Ковид-19, Тојота продолжува да има недостиг што влијае на производството во нашите фабрики во Северна Америка, вклучително и во Канада, соопшти компанијата.

Тојота во Онтарио ги произведува РАВ 4 и неговата хибридна верзија, како и Лексус РХ 350 и РХ 450х.

Форд поради протестите ја затворија фабриката во Канада и соопшти дека се можни сериозни последици за северноамериканската автомобилска индустрија.

Повеќе од 200 камиони и други возила од 28 јануари ги блокираа улиците во центарот на Отава во знак на протест поради задолжителната вакцинација против Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска