Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај

Од:

Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство поднело кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

„Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации“, соопштуваат од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан