Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка на 4,5 отсто

Од:

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) на денешната седница одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, на ниво од 4,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства на 3,5 отсто, како и стапката на кредитните средства на 5,5 отсто, соопшти НБС.

Континуираните трошковни притисоци и зголемената инфлација, првенствено поради растот на увозните цени, влијаеа на одлуката на Извршниот одбор за дополнително зголемување на референтната каматна стапка и со тоа и на заострување на домашните монетарни услови.

Со донесувањето на ваквата одлука, НБС влијае на ограничувањето на секундарните ефекти од растот на цените преку инфлаторните очекувања и со тоа придонесува инфлацијата во Србија да се најде на надолна патека и да се врати на границите на дозволеното отстапување од целта до крајот на периодот на проекција.

Ова е осмо последователно зголемување на референтната каматна стапка, со која е зголемена за вкупно 350 базични поени од април годинава. Следната седница на Извршниот одбор на која ќе се носи одлуката за референтната каматна стапка ќе се одржи на 8 декември.

При донесувањето на одлуката за зголемување на референтната каматна стапка, Извршниот одбор посочи дека глобалните инфлациски притисоци се посилни и потрајни од претходно очекуваните.

Инфлацијата во еврозоната, најважнио трговски партнер на Србија, е на највисоко ниво од нејзиното формирање и нејзино враќање на целните граници не се очекува пред крајот на 2024 година.

Високата инфлација во голема мера е резултат на значително повисоките цени на енергентите и храната, но во некои земји инфлаторен ефект исто така имаат домашната побарувачка и факторите од пазарот на трудот, наведува НБС.

Во такви услови, многу централни банки во последните месеци ги заострија монетарните политики подинамично од претходно очекуваното, коригирајќи ги нагоре проекциите за инфлацијата, како и очекувањата за највисоко ниво на инфлација и кога тоа ќе биде достигнато, посочува НБС, наведувајќи го во овој контекст неодамнешното зголемување на клучните каматни стапки од страна на Европската централна банка и Федералните резерви на САД.

Од НБС додаваат дека и во наредниот период се очекува продолжување на заострувањето на монетарната политика на водечките централни банки, што, како што предвидува, со понеповолни изгледи за глобалниот економски раст, може да влијае на растот на волатилност на меѓународниот финансиски пазар и продолжувањето на веќе присутната насока на глобалните текови на капитал од земјите во развој кон поразвиените економии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов