Народната банка ја релаксира монетарната политика

Од:

Намалување на каматната стапка од половина до еден процент за кредитите наменети за извозните компании и проекти за производство на електрична енергија ќе се овозможи со новата мерка на Народната банка на Република Македонија која ја донесе на денешната седница на Советот.

Станува збор, како што рече гувернерот на НБРМ Димитар Богов, за неконвенционална мерка на монетарната полтика со цел ублажување на последиците од кризата.

Предвидува намалување на основата за задолжителна резерва на банките за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во должнички хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула, издадени од  споменатите претпријатија.

– Со ова ќе им се намали трошокот од монетарната политика на банките и ќе има простор да добијат подобри услови и да се намали каматата, рече Богов додавајќи дека е наменето само за компании кои се во А и Б категорија, односно редовно ги намируваат обврските.

Тој истакна дека со мерката не е целта да се стимулира кредитирањето туку да се подобрат условите за кредитирање на компаниите.

Мерката, според Богов, ќе има позитивно влијание на платниот биланс, девизните резерви, ценовната и финансиската стабилност.

Со оглед на тоа дека станува збор за нестандардна мерка, се предвидува оваа измена да се применува заклучно со 2014 година, кога зависно од постигнатите резултати, ќе се преиспита потребата од натамошна примена.

Народната банка првпат воведува ваква неконвенционална мерка. Богов истакна дека и другите банки пред финансиската криза немале потреба од носење вакви одлуки, но оти по избувнување на кризата, повеќе централни банки почнале да носат вакви неконвенционални банки.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови