Народната банка ја организира 37. сесија на Клубот на истражувачите – објавен повик за пријавување работни материјали

Од:

Народната банка објави повик до истражувачите кои се заинтересирани да презентираат работен материјал на 37. сесија на Клубот на истражувачите, да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 27 месецов.

Сесијата ќе се одржи на 17  следниот месец со почеток во 14 часот, преку видеотелеконференциска врска.

-Зачленувањето во Клубот на истражувачите на Народната банка е од отворен карактер. Тој е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, информира Народната банка.

На сесиите на Клубот на истражувачите како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Би можело да ве интересира

Гувернерката на форум на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи НБ да одговори навремено и смело на пандемијата

Ана Ололовска

Народна банка: Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови

Ана Ололовска

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Ана Ололовска

Народна банка за првпат објави податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија

Ана Ололовска

Народата банка и МАНУ ќе ја унапредуваат соработката, заеднички активности во економски истражувања

Ана Ололовска

Советот на Народната банка ја утврди програмата за работа за 2021 година

Ана Ололовска