Народна банка: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка

Од:

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити со што сега таа е сведена на ниво од 4,80 проценти. Кај вкупните депозити во јуни се бележи минимално намалување на просечната каматна стапка од 0,01 процентен поен во споредба со минатиот месец и таа изнесува 1,09 проценти.

Народната банка денеска информираше за позначајните движења кја каматните стапки при што соопшти дека кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во јуни изнесувала 3,94 проценти и таа на годишна основа е намалена за 0,76 процентни поени.

Кај новопримените депозити, пак, просечната каматна стапка бележи месечен раст од 0,02 процентни поени и сега таа изнесува 0,64 проценти, а на годишно ниво е забележан пад за 0,51 процентни поени.

Намалување на просечната каматна стапка се бележи и кај вкупните кредити одобрени за корпоративниот сектор така што во јуни таа изнесувала 3.93 проценти, додека кај вкупните депозити, каматната стапка е зголемена во споредба со претходниот месец и изнесува 1,27 проценти.

– Нагорната промена целосно се објаснува со зголемувањето на каматните стапки на
депозитите во странска валута (за 0,06 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во денари со и без валутна клаузула бележат пад (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со истиот период претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,34 п.п, појаснуваат од Народна банка.

Кај домаќинствата, забележан е пад на просечната каматна стапка за вкупните кредити така што таа изнесува 5,63 проценти, а намалување има и кај стапката на вкупните депозити која во јуни изнесувала 1.07 проценти.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови