Народна банка организира едукативни презентации за граѓаните, отворен повик за учество

Од:

Народната банка, во рамки на Деновите на финансиска писменост, што ќе се одржат следната недела, организира неколку едукативни презентации преку видеоконференциска врска.

За таа цел објави јавен повик за сите заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења од областа на монетарната и финансиската политика.

Презентациите ќе се одржат од 24 до 26 овој месец на тема монетарна политика, финансиска стабилност и платен промет и платежни услуги. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.

Заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака на е-адресата: [email protected] или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.

Рокот за пријавување е до крајот на оваа недела, односно до 22 ноември.

Би можело да ве интересира

Гувернерката на форум на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи НБ да одговори навремено и смело на пандемијата

Ана Ололовска

Народна банка: Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови

Ана Ололовска

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Ана Ололовска

Народна банка за првпат објави податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија

Ана Ололовска

Народата банка и МАНУ ќе ја унапредуваат соработката, заеднички активности во економски истражувања

Ана Ололовска

Советот на Народната банка ја утврди програмата за работа за 2021 година

Ана Ололовска