Народна банка: Надворешниот долг се намалил за 64 милиони евра

Од:

Бруто надворешниот долг со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, изнесува 8.127 милиони евра (74,3% од БДП) и забележа квартален пад од 64 милиони евра, соопшти денес Народната банка.

Истовремено, бруто надворешните побарувања без ефектот од специфичните активности на централната банка изнесуваат 5.188 милиони евра (47,5% од БДП) и забележаа намалување од 195 милиони евра, велат од НБСМ.

„Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.650 милиони евра, или 60,8% од проектираниот БДП за 2020 година. На квартална основа, негативната МИП бележи зголемување за 257 милиони евра коешто речиси во целост произлегува од зголемените обврски, а во помал обем и од намалувањето на средствата. Притоа и натаму, најголемиот дел од МИП, односно 86%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 75% се врз основа на сопственички капитал,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов