Народна банка: Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2021 година

Од:

Народна банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на четвртиот квартал од 2021 година:

Бруто надворешниот долг изнесува 9.547 милиони евра (или 81,4% од проценетиот БДП) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3%).

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4% од проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5%).

Нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31% од проценетиот БДП) и е зголемен за 299 милиони евра, или за 9%. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59%.

Во текот на четвртиот квартал од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 176 милиони евра и изнесува 7.308 милиони евра, што претставува 62,3% од проценетиот БДП за 2021 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот ЛИНК.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

НБРМ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски