Народна банка: Девизните резерви месецов со раст од 603,8 милиони евра, се очекува натамошен раст

Од:

Девизните резерви на земјава од почетокот на месецов бележат раст од 603,8 милиони евра и според Народната банка тие во изминатиот период достигнаа историски највисоко ниво и оти очекуваат нивен натамошен раст.

– Високото ниво на девизните резерви од над три милијарди евра, не само што е соодветно за одржување на стабилен курс на денарот, туку како што веќе и имаме посочено, тоа е двојно повисоко во однос на 2008 година, кога како централна банка успешно одговоривме на предизвиците од тогашната глобална економска и финансиска криза, наведуваат од Народната банка и додаваат дека тие се клучни за гаранција на стабилноста на девизниот курс на домашната валута.

Потсетуваат дека Народната банка има и низа инструменти што се дополнителна гаранција за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

– Со најновите проекции на Народната банка, во претстојниот период се очекува натамошен раст на девизните резерви. И во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви на нашата земја е и ќе остане адекватно и дека на ниту еден начин нема да биде загрозена стабилноста на денарот. Неодамна, во текот на мај, двете најугледни светски агенции за кредитен рејтинг – „Стандард и Пурс“ и „Фич“, во основа задржувајќи го досегашниот кредитен рејтинг на земјата, истовремено потврдија и дека нема опасности за стабилноста на девизниот курс на нашата домашна валута, истакнуваат од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов