Народна банка: Раст и на депозитите и на кредитирањето

Од:

Податоците на Народната банка укажуваат на раст и на депозитите и на кредитирањето.

Годишната стапка, како што наведуваат во соопштение изнесува 7,8 отсто при поголем раст на депозитите на домаќинствата.

Кредитирањето на корпоративниот сектор пак, бележи раст од 3,3 отсто.

Според објавените податоци на Народната банка, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа.

– Годишната стапка на раст изнесува 7,8 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа. Годишниот раст на вкупните кредити од 5,9 проценти се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9,8, односно 8,2 проценти.

Во однос на кредитите, на годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 3,3 отсто, а вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови