Напредува француско-германскиот предлог за буџет за Еврозоната

Од:

Министрите за финансии на земјите на Еврозоната го поздравија француско-германскиот предлог за креирање буџет за еврозоната, кој би стапил во сила во 2021 година.

Предлогот доаѓа во момент кога земјите членки бараат начини да ја зацврстат и направат поотпорна на кризи Еврозоната. Предлогот за буџетот е поздравен како важен придонес во пакетот за зајакнување на резистентноста на еврото, за која ќе се разговара во декември во Брисел.

Марио Чентено, шефот на Еврогрупата, порача дека ќе треба да се работи на креирање дополнителни алатки за конкурентност, конвергенција и стабилизација, но предлогот го оквалификува како голем исчекор.

– Презентиравме заеднички предлог за буџет на Еврозоната, овој збор не смееше да се употреби пред една година, а денес имаме оперативен француско-германски предлог, ова е огромен исчекор, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Неговиот германски колега,Олаф Шолц, додаде дека станува збор за „многу прагматичен предлог“.

– Главната идеја е да се поврзе со рамката на ЕУ и буџетот на ЕУ, рече Шолц.

Париз и Берлин сметаат дека буџетот треба да стапи на сила во 2021 година.

Но, некои земји членки имаат резерви. Една од нив е Италија, бидејќи француско-германскиот предлог предвидува буџетот да им биде достапен само на оние земји членки кои ги почитуваат европските правила за јавен долг и дефицит.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим