Намалувањето на каматната стапка на кредитите продолжи и во август

Од:

Во август годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,49 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните депозити во август изнесува 0,79 отсто.

– Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2021 година изнесува 4,49 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,01 прроцентни поени и 0,24 процентни поенти, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се намали на месечно и годишно ниво за 0,04 процентни поени и 0,20 процентни поени соодветно и изнесува 0,79 отсто, соопшти денеска Народната банка.

Во август година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,78 проценти и бележи месечно зголемување од 0,16 процентни поени, додека на годишно ниво се намали за 0,16 процентни поенти. Кај новопримените депозити просечната каматна стапка изнесува 0,50 проценти и е пониска на месечна и на годишна основа за 0,01, односно 0,04 процентни поени.

Податоците на централната банка покажуваат дека во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,01 процентен поен на месечна основа и изнесува 3,60 проценти. Каматната стапка на новоодобрените кредити во овој сектор изнесува 3,23 отсто и во споредба со претходниот месец забележа раст од 0,19 процентни поени. Каматната стапка, пак, на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во август, изнесува 1,09 проценти и тоа е месечен пад од 0,02 процентни поени. Во анализираниот месец Овој каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,04 процентни поени на месечна основа и изнесува 0,46 отсто.

Според НБ, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата исто така бележи месечен пад од 0,16 процентни поени и изнесува 4,42 проценти. Падот е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,52 процентни поени и 0,06 процентни поени, соодветно), во услови на остварен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени). Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е повисока за 0,05 процентни поени, споредено на годишно ниво.

Од Народната банка информираат дека во август годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,75 проценти што претставува пад од 0,04 процентни поени на месечна основа. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во август, оствари месечно намалување од 0,04 процентни поени и изнесува 0,53 проценти. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,13 процентни поени.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови